Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

05/10/2024 | Press release | Distributed by Public on 05/10/2024 05:50

Трет состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Денеска, во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа третиот состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој присуствуваа и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

На состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на Министерскиот состанок, што ќе се одржи во рамки на нашето претседавање со ПСЈИЕ.

Северна Македонија со ПСЈИЕ претседава во периодот јули 2023 - јуни 2024 година, под мотото "Премостување поделби, градење доверба".